Добредојдовте на Музичката библиотека „Петручи“ (Petrucci Music Library)! Наша цел е да создадеме виртуелна библиотека на сите јавнодоменски партитури, како и партитури од композитори кои сакаат да ги споделат нивните дела со светот бесплатно.
Музичката библиотека „Петручи“ исто така се залага за меѓусебна размена на музички идеи, како во облик на музички дела, така и во нивно анализирање. Добредојдени сте да ја објавите вашата анализа на некое дело на страниците „разговор“, или да им се приклучите на нашите форуми ако сакате да активно дискутирате со заедницата. Повеќе...
Библиотеката на слободни партитури (IMSLP) има потреба од ваша помош! Посетете го Порталот за учесници за да дознаете повеќе за тоа како да учествувате и придонесувате кон библиотеката. Им препорачуваме на сите нови учесници да го прочитаат водичот за учество со партитури и страницата јавен домен.
Учество: Можете да учествувате и придонесувате кон развојот на ова вики со тоа што ќе ги споделувате вашите музички познавања со другите. Ако иамте јавнодоменска партитура на вашите полици или компјутер, ви предлагаме да го споделите со светот со тоа што ќе го подигнете на Музичката библиотека „Петручи“! Можете да помогнете и со тоа што ќе увезувате јавнодоменски партитури од други веб-страници. За повеќе информации консултирајте го водичот за учество со партитури.
Проекти: Целта на нашите Проекти на заедницата е собирање на збирки дела од неактивни архиви, скенирање или подигање на дела од приватни донации, и други задачи. Еден од тековните е проектот Делови на оркестарот. Во завршените проекти се вбројуваат Архивот bh2000, Архивот на партитури „Гутенберг“ и преземањето на дела од Бах.
Други задачи: Освен учествување со партитури, постојат и повеќе други начини да ѝ помогнете на библиотеката IMSLP. Меѓу другото, би можеле да помогнете со одржувањето на страницата, преведување на библиотеката, или пак со финансиска поддршка за . Партитурите не се единственото нешто кое може да се придонесе!
Ова е само краток преглед. Подробности за сите облици на учество ќе најдете на Порталот за учесници.
Страницата секогаш се стреми да да придржува кон законот за авторски права на Канада (погледајте јавен домен за повеќе информации). Доколку сметате дека страницава го има прекршено канадскиот закон за авторски права, би Ве замолиле да нè исконтактирате на еден од начините наведени на страницата За нас. Ви благодариме.